World News in Macedonian

Иванов реагира дека не бил информиран за преговорите за името

До претседателот Ѓорге Иванов нема доставено информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Македонија.


„До Кабинетот на Претседателот нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи во Брисел и во Њујорк“, наведуваат од кабинетот на Иванов.


Според соопштението, до Иванов не бил доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија.


Кабинетот на Иванов оценува дека „се врши селективно информирање на македонскиот претседател“.

Читайте на сайте