World News in Macedonian

Анѓушев ветува минимизирање на штетата од гасоводот на Водно

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по барањето од граѓански организации да се промени трасата за изградба на гасоводот која минува кај Водно изјави дека ќе биде минимизирано какво било оштетување на шумата кое ќе биде компензирано.


Потребно е, според него, да се изнајдат сите средства со цел максимално да се заштити зеленилото и шумата на Водно и во таа насока се прават одредени дејствија. Промената на трасата, како што наведе, ќе го одложи градењето на гасоводот и снабдувањето со гас на одредени региони во Македонија на подолг период.




 

Читайте на сайте