World News in Macedonian

Тачи верува оти договорот со Србија ќе биде победа за двете земји

Претседателот на Косово Хашим Тачи по денешната средба со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц изјави дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во сите меѓународни организации.


Според него, двете страни од дијалогот ќе излезат како победници. Тој е убеден дека Европската комисија ќе излезе со позитивен извештај во однос на процесот на визната либерализација, бидејќи според Тачи, исполнети се сите критериуми.




 

Читайте на сайте