Заев: Уште нема конечен договор за името
Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција по повод една година Влада, рече дека се уште ништо не е договорено во врска со „новото име на Македонија“.
„Уште ништо не е договорено. Она што го договоривме се принципите за договор. Ќе имаме средба со грчкиот премиер Ципрас деновиве“, одговори премиерот Заев на прашањето дали е договорено името Република Северна Македонија, како што вчера објавија голем број медиуми, повикувајќи се на дипломатски информации.
Во врска со тајмингот за спроведување на евентуалниот договор, кој беше објавен вчера во медиумите, Заев индиректно потврди дека е приближно точен.