World News in Macedonian

Европратениците ја критикуваат продолжената контрола во Шенген зоната

Европратениците го осудија продолжувањето на внатрешната контрола на границите на земјите во Шенген зоната, сметајќи дека на тој начин се крши слободното движење на луѓето помеѓу 26-те земји во рамките на таа зона. Во денеска изгласаната резолуција, Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур го осуди продолженото повторно воведување контрола на внатрешните граници поради пропусти на заедничкиот европски систем за азил и недостиг на политичка волја, солидарност и поделба на одговорноста. Европратениците наведуваат дека земјите членки треба да го зајакнат взаемната доверба во функционирањето на Шенген зоната, соработката и солидарноста.

Читайте на сайте