Ѕанакопулос: Нема договор без ерга омнес и уставна ревизија
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“, изјави дека нема да постои договор за името доколку не се прифати ерга омнес и уставна ревизија.
Во интервјуто Ѕанакопулос рече дека во овој момент не постои договор и избегна да навлезе во детали што се однесуваат на евентуалното решение.
„Додека не се договори сѐ, не е договорено ништо. Така е во преговорите. Но, она што со целосна сигурност можам да го кажам е дека ерга омнес и уставна ревизија се важни, односно главни предуслови за да може да постои било каков договор со поранешната југословенска Република Македонија“, рече Ѕанакопулос.