World News in Macedonian

Секој четврти мигрант во Германија нашол работа

Од бегалците кои во Германија пристигнаа во изминатите години речиси секој четврти во меѓувреме нашол вработување, објави весникот Рајнише Пост.


„Во март, секој четврти бегалец кој дошол во Германија по 2015 година имал работа. Ако се продолжи со такво темпо ќе се остварат нашите проценки, според кои, по пет години престој речиси 50 отсто бегалци имаат работа, а по 15 години 70 отсто“, вели во изјава за весникот Херберт Брикнер од Инситутот за истражување на пазарите.


Тој проценува дека до крајот на годината месечно осум до десет илјади бегалци ќе наоѓаат работа. Меѓу странците од Европската унија и Балканот квотата на вработени е 50 отсто, а за Германците 68 отсто.

Читайте на сайте