World News in Macedonian

Земан пак му го даде премиерскиот мандат на Бабиш

Чешкиот претседател Милош Земан по втор пат го назначи Андреј Бабиш за премиер мандатар, давајќи му нова шанса за формирање на Влада и за ставање крај на долгиот политички ќор-сокак, јави Ројтерс.


АНО, партијата на Бабиш, беше победник на изборите во октомври минатата година, но откако ниедна друга партија не сакаше да коалицира со неа, Бабиш формираше малцинска Влада.


Набргу потоа на Владата ѝ беше изгласана недоверба, по што политичката криза продолжи, за денес чешкиот претседател повторно да му ја додели премиерската позиција на милионерот Бабиш.

Читайте на сайте