World News in Macedonian

Ердоган предизборно вети народни кафулиња со бесплатни колачиња

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во предизборната кампања за предвремените избори на 24 месецов, вети отворање народни кафулиња низ земјата со бесплатни кафе, чај и слатки, објави германската новинска агенција ДПА.


„Млади и стари ќе доаѓаат таму, ќе читаат книги и ќе добијат бесплатно слатки, чај и кафе“, изјавил Ердоган на митинг во Хатај. 


Турскиот претседател во март годинава оцени дека кафеаните „не се места за коцкање, туку за читање книги“.

Читайте на сайте