World News in Macedonian

Албанија ќе ги бара исчезнатите во режимот на Енвер Хоџа

Албанската Влада го одобри Договорот со Меѓународната комисија за исчезнати лица (ИЦМП) за отпочнување на процес за пребарување и идентификација на дел од илјадниците жртви на режимот на комунистичкиот лидер Енвер Хоџа.


Со Договорот, Владата ќе ја ангажира ИЦМП за истражување, барање и идентификација на дел од речиси шесте илјади Албанци кои биле убиени или исчезнати за време на 45-годишната комунистичка власт во земјата, процес кој почнува по околу три децении по падот на режимот.


ИЦМП обезбеди грант од ЕУ од околу 450.000 евра за отпочнување на пребарувањето и идентификација преку ДНК анализа.

Читайте на сайте