World News in Macedonian

Албанската влада демантира формирање Центар за повратници од ИД

Албанската влада во врска со информациите во медиумите дека во Албанија ќе се формира Центар за повратници на припадници на терористичката ИД од балканските земји, реагираше доцна попладнево, нагласувајќи декане постои никакво барање или план за такво нешто.


“Тоа се лажни вести, со провокативен и политички карактер, отворени шпекулации дека наводно во Албанија ќе биде отворен Центар за балкански повратници од ИД. До сега не постои никаква идеја, барање, план или можност за такво нешто’, изјави Сандер Леши, советник за безбедност на премиерот Еди Рама.


Според него злоупотребенае една фраза од изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов „која нема никаква врска со она што тој го изјави“.


“Напротив станува збор за Центарот за координација против насилниот екстремизам,што беше и организатор на меѓунанродната конференција што деновиве се одржа во Тирана а на која учествуваше и премиерот Борисов. Албанија предложи овој центар да прерасне во регионален,каде ќе бидат обработувани анализи, оценки, истражувања, студии, размена на информации,како и заеднички програми против насилниот екстремизам”, тврди Леши.


Посочува,дека овој центар не е, не може да биде а и никој ни не помислил да се претвори во центар за прифаќање на поранешни борци на ИД од балканските земји.


 

Читайте на сайте