World News in Macedonian

Притвор за две лица во Косово заради подготовка на терористички напад

Косовски суд одреди притвор во период од еден месец за две лица кои се под истрага заради подготовка на терористички напад и за регрутирање во корист на екстремистички групи.


Во соопштението од Судот се вели дека едниот осомничен, белгиски државјанин, побарал од другиот осомничен да изврши самоубиствен напад со возило со експлозив против единици на меѓународните сили на КФОР во Косово. За таа цел, второто лице било опремено со експлозивни уреди и оружје.


Според косовските власти околу 180 граѓани на земјата се дел од екстремистички групи во Сирија и Ирак.

Читайте на сайте