World News in Macedonian

Авганистанските Талибанци најавија тридневен прекин на огнот за празникот Бајрам

Авганистанските Талибанци објавија тридневен прекин на огнот во врска со празникот Рамазан Бајрам, што е нивна прва понуда од ваков вид, откако владата претходно објави едностран прекин на непријателствата.


Но, милитантната група предупреди дека прекинот на борбите не важи за странските сили, кои и натаму ќе бидат цел.


Неочекуваниот потег доаѓа два дена откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани објави еднонеделен прекин на операциите против Талибанците и мрежата Хакани.


Владиниот прекин на огнот, кој ја исклучува екстремистичките групи ИД и Ал Каеда, ќе трае од 12 до 20 јуни, а прекинот на огнот на Талибаанците се очекува да трае од 12 до 14 јуни. 

Читайте на сайте