World News in Macedonian

Заев се надева на решение за името пред 28 јуни

Премиерот Зоран Заев денеска од Арачиново кажа дека се надева на многу брзо решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.


Заев денеска во Арачиново, каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, рече дека деновите се броени.


„Битно е да се постигне квалитетно решение кое што ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум“, рече Заев.

Читайте на сайте