World News in Macedonian

Тимјаник покажа дека треба да пораснеме како општество

Тимјаник вчера покажа дека на македонското население му треба едукација. Природно е да се плашите од нешто што не го знаете. Не се откажуваме и ако треба уште 100 или 200 пати ќе се вратиме таму. Има простор за дискусија независно дали ќе се отвори и градинка и мал групен дом. Ќе покажеме дека можеме да пораснеме како општество, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.


На брифинг со новинарите во седиштето на УНИЦЕФ во Скопје, Царовска порача дека за надминување на вакви ситуации не се доволни само кампањи и дејствувања на граѓански организации, туку е неопходно интервенирање преку образовниот процес, уште од најраната предшколска возраст.


Министерката вчера беше во селото Тимјаник, на разговори со месното население, кое се противи на отварање дом за згрижување на четири деца со пречки во развојот, но не успеа да ги одврати од нивниот став.

Читайте на сайте