World News in Macedonian

Обраќање на Иванов за договорот за името денеска во 17 часот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција.


Иванов денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, која, според владиното соопштение, претседателот на прекинал и ја напуштил.


Средба со Иванов, а во врска со договорот за името, побарал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но како што кажа, се уште не добил одговор.

Читайте на сайте