World News in Macedonian

САД, Канада и Мексико домаќини на Мундијалот 2026

ФИФА на денешниот Конгрес во Москва одлучи Светското фудбалско првенство во 2026 година заеднички да го организираат Канада, Мексико и САД.


На гласањето беа присутни 203 од вкупно 210 делегати со право на глас. Од нив 134 гласаа за трите земји, додека 65 за Мароко. За африканската држава ова е четврто губење на „домаќинството“ на СП, по поразот во финалното гласање.


Светското фудбалско првенство во 2026 година е првото на кое ќе учествуваат 48 земји, 16 повеќе од претстојното во Русија.

Читайте на сайте