World News in Macedonian

Тереза Меј ќе бара посилни санкции за Русија

Британската премиерка Тереза Меј денеска во британскиот Парламент изјави дека на претстојниот Самит на ЕУ, кон крајот на месецов, ќе бара да се засилат санкциите против Русија.


„Ќе инсистирам да ги задржиме санкциите против Русија. Всушност, мислам дека постојат некои области во кои треба да го зајакнеме режимот на санкции“, изјави Меј пред британските лордови.


Британско-руските односи значително се влошија откако Лондон ја обвини Москва за труењето на двојниот шпион Сергеј Скрипал во Салзбери, што Кремљ веднаш го отфрли.

Читайте на сайте