World News in Macedonian

Интерпелација за Ципрас поради договорот со Македонија

Грчката опозициска Нова демократија поднесе иницијатива за гласање на недоверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот со Македонија, објави новинската агенција Ројтерс.


Пратеничката расправа за интерпелацијата е закажана за 18 часот по грчко време.


Премиерот Ципрас вчера најави дека денеска ќе го достави договорот за решавање на спорот за името со македонија во грчкиот Парламент, а според неофицијалните информации во грчките медиуми, планот бил пратениците за договорот да расправаат утре.


Нема официјални информации дали иницијативата за недоверба на грчката Влада ќе ги помести роковите за настаните кои му претходат на потпишувањето на договорот меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Читайте на сайте