World News in Macedonian

Обвинителството на Њујорк ја тужи фондацијата на Трамп

 Јавниот обвинител на државата Њујорк поднесе  тужба пртив приватната добротворна фондација на американскиот претседател Доналд Трамп, поради  "упорно незаконско однесување". Во тужбата со која се бара  распуштање на  фондацијата  на Трамп, со седиште во Њујорк,  се наведува дека фондацијата го  прекршила државниот и федералниот закон со користење на некои од средствата за неговата претседателска кампања.


Трамп веднаш реагираше и на Твитер ја нарече тужбата "смешна"


Во меѓувреме  беа покренати и други кривични истрага во врска со интеракциите меѓу соработниците на Трамп и руските официјални лица.  Поранешниот менаџер на кампањата на Трамп и неговиот прв советник за национална безбедност се меѓу оние кои беа обвинети.

Читайте на сайте