World News in Macedonian

Бошњаковски: Владата го декласифицираше договорот со Грција

Портпарол на Владата Миле Бошњаковски по затворената седница изјави дека Владата вечерва едногласно го разгледа и усвои извештајот за договорот за името.


Владата на седницата донесе одлука да се декласифицира договорот и тој веќе е закачен на веб страницата на Владата.


Со ова договорот, насловен како Конечен договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, сега е достапен за јавноста.


Премиерот Зоран Заев нагласи дека тој лично силно верува во договорот бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање за иднината на земјата, рече Бошњаковски и додае дека оваа Влада е горда на ова решение како историска одлука.


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги информирал останатите за текот на процесот и за чекорите кои следат.


Како што рече Бошњаковски, конечен збор за договорот ќе дадат граѓаните на референдум.


Утре треба да  има детаљи кога и каде ќе се потпише договорот со Грција за името. 

Читайте на сайте