World News in Macedonian

Британците стануваат Белгијци поради Брегзит

Процесот за излегување на Велика Британија од ЕУ, проследена со голем број нејаснотии, го зголемува бројот на Британци кои побарале белгиско државјанство, објавуваат западните новинаски агенции, повикувајќи се на белгиските медиуми.


Според белгиските медиуми, бројот на Британци кои побарале да станат Белгијци се зголемил за 10 пати во однос на ланската година.


За да добијат белгиско државјанство, Британците мора да аплицираат во општината каде што се регистрирани и да платат такса од 150 евра. Тие мора да докажат дека живееле легално во Белгија најмалку пет последователни години, да се вклопени во локалното место и да докажат дека работат.

Читайте на сайте