Бошњаковски: Договорот за името ќе биде потпишан во недела
Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името ќе се потпише во недела, информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по неколкуте верзии што денес ги пласираа и македонските и грчките медиуми.
Настанот, рече Бошњаковски, ќе биде поделен на два дела - едниот е потпишувањето на договорот што ќе се случи на грчка територија, а вториот е ручек на македонска територија.
Точната локација и време на потпишување на договорот ќе се знае утре по 18 часот.