World News in Macedonian

Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата

Пратеникот на грчката ултрадесничарска партија Златна зора, Константинос Барбарусис, кој од собраниската говорница повика на воен пуч во Грција е избришан од партијата.


По повикот во парламентот дека поради договорот со Македонија војската треба да реагира и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, претседателот на Златна Зора, Никос Михалољакос, донел одлука со согласност од неговата пратеничка група да го избрише Барбарусис од партиската листа.


Објаснувањето на Михалољакос било дека „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна зора“.

Читайте на сайте