World News in Macedonian

Потпишување на договорот за името во недела, брифираа од Владата

Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името ќе се потпише во недела, брифираа од Владата, по неколкуте верзии што денес ги пласираа и македонските и грчките медиуми.


Настанот ќе биде поделен на два дела - едниот е потпишувањето на договорот што ќе се случи на грчка територија, а вториот е средба и ручек на македонска територија.


Договорот ќе го потпишат министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.


Точната локација и време на потпишување на договорот ќе се знае утре по 18 часот.

Читайте на сайте