World News in Macedonian

Стандард и пурс: Договорот за името нема да донесе негативни ефекти врз македонската економија

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија.


Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни.


"Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото зголемување на јавниот долг и внатрешната политичка несигурност што се предвидува во следните 12 месеци од една страна и поволните економски изгледи од друга страна", се вели во извештајот на Стандард енд пурс. 


Според Агенцијата сето ова ќе зависи од промената на амандманите во Уставот на Македонија, како и ратификацијата на договорот од страна на двата парламенти. 


„Стандард и Пурс“ пред два месеца го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ – со стабилен изглед.

Читайте на сайте