World News in Macedonian

Самарас против договорот за името бидејќи не го решава проблемот

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас денеска во своето обраќање во Парламентот порача дека со договорот за името премиерот Алексис Ципрас, провремено го затворил, но не го решил прашањето. Самарас смета дека решението или нема да издржи низ времето или ќе предизвика експлозии и нема да го стабилизира регионот.


„Овој договор, да запаметите, или нема да издржи или ќе предизвика експлозии. И Грција ќе се најде во полоши позиции. Единствено што постигнува е што го отвора патот за интеграција на Скопје во НАТО, ништо друго, го прескокнавте грчкото ветото и не решивте ниту еден проблем“, рече Самарас обраќајќи му се на Ципрас.


Според него, договорот целосно го признава иредентизмот македонската националност и македонскиот јазик, а нема ништо од ерга омнес.


 

Читайте на сайте