World News in Macedonian

Ким сака односи со Русија на високо ниво

Јуриј Ушаков, советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, денеска соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испратил писмо до рускиот претседател во кое вели дека сака да ги одржи контактите со Русија на високо ниво.


Ушаков информираше и дека сè уште не е постигнат договор за евентуалната посета на севернокорејскиот лидер во Москва.


Кремљ му испрати покана на лидерот на Северна Кореја да ја посети Русија и дека тоа би можело да се случи за време на економскиот форум во Владивосток во септември, јави агенцијата ТАСС.

Читайте на сайте