World News in Macedonian

Наскоро тендер за субвенции за нискотарифни авиокомпании

Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании се очекува да биде распишан до крајот на месецов, а заложбата на Владата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охрид, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.


„Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром“, рече Сугарески, не откривајќи повеќе детали околу критериумите во тендерот.


Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“. 

Читайте на сайте