World News in Macedonian

Тројца од ранетите во Малме им подлегнале на повредите

Тројца од шестмината кои синоќа беа повредени во оружениот инцидент во Малме им подлегнале на повредите, пренесоа западните информативни агенции.


Другите тројца се хоспитализирани, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.


Според сведоците на кои се повикуваат агенциите, непознат напаѓач отворил оган врз луѓето кои излегувале од интернет-кафе.


Полицијата соопшти дека се испукани десетина куршуми и дека се трага по црно возило.

Читайте на сайте