World News in Macedonian

Судири на полицијата и демонстрантите во Киев

Демонстранти, меѓу кои има рудари за јаглен, работници кои чистат во Чернобил и поранешни советските војници од војната во  Авганистан, се судрија со полицијата пред украинскиот парламент. Над  2.000 демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во зградата на парламентот за време на демонстрациите. По ова полицијата употреби солзавец, но протестот продолжи. Меѓу демонстрантите има и  Украинци кои се бореа во  војната  со про- руските сепаратисти во источниот дел на земјата. Нивните барања вклучуваат подобрени придобивки за користењето на јавниот транспорт, зголемување на државната поддршка за ветераните со хендикеп и распределба на сретствата за развој на индустријата со  јаглен.

Читайте на сайте