World News in Macedonian

Поддршка од Меркел за Договорот со Грција

Премиерот Зоран Заев прими писмо со честитки од германската канцеларка Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти владината прес-служба. 


„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, се вели писмото од Меркел до Заев.

Читайте на сайте