World News in Macedonian

Заев очекува зелено светло од сите во ЕУ

Премирот Зоран Заев очекува Македонија следната недела да добие датум за почеток на прегворите за членство во ЕУ и се надева дека со чекорите што ги презема земјава, ќе ги убеди сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето на ЕУ.


„Се надевам дека ниту една земја од ЕУ нема да остане рамнодушна на напредокот, на пријателството и на европскиот манир кој Македонија го демонстрира. Холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека ќе омекне срцето на Макрон и дека и Франција ќе го направи тоа“, изјави Заев.

Читайте на сайте