World News in Macedonian

На Богородица се чека за влез во Грција

АМСМ соопшти дека утринава има  зголемен број возила  на граничниот премин Богородица за влез во Грција


 Од таму наведуваат  дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 


АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково

Читайте на сайте