World News in Macedonian

Уапсени демонстранти во Казахстан

Десетици лица се уапсени во неколку градовите низ Казахстан во врска со ненајавени протести организирани од опозициското движење Демократски избор на Казахстан (ДВК). Полицијата денеска постави барикади во најголемиот град во земјата, Алмати, околу планираното  место за протестот, а  нејзини припадници  го испрашуваа секој кој се обиде да влезе во оваа област. Дописниците на Радио Слободна Европа од  местото на настанот пријавиле дека најмалку 10 лица биле уапсени и однесени со полициски автобус.


Дописникот на Казахстанската служба на Радио Слободна Европа , Андреј Свиридов, беше притворен во Алмати, откако ја покажа својата идентификација на  полицијата. Проблеми  беа пријавени и во други градови, вклучувајќи го и Уралск во регионот на Западен Казахстан. Демонстрантите бараат  владата да гарантира бесплатно образование за сите Казахстанци.

Читайте на сайте