World News in Macedonian

Турција: Обвинувања за изборни нерегуларности

Лидерот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави дека се забележани изборни нерегуларности во југоистчниот дел на земјата и упати апел до набљудувачите да „не забораваат дека се државни службеници“, а не „се во служба на политичка партија“.


Претседателот на турската Изборната комисија, Саид Гувен истакна дека се покренати „административни и кривични процедури“ против сторителите.


Претходно на социјалните мрежи беа објавени видео снимки на кои се гледа групно гласање во градот Суруџ, во провинцијата Санлијурфа.


Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Во претседателската трка покрај актулениот претседател  Реџеп Тајип Ердоган, учествуваат и пет други кандидати - Догу Перинчек, Мерал Aксенер, Мухарем Инџе, Селахатин Демирташ и Tемел Карамолаоглу. 


 

Читайте на сайте