World News in Macedonian

Протести во Молдавија поради поништување на резултатот од локалните избори

Во Молдавија денеска се одржаа протести откако Врховниот суд ја потврди одлуката за поништување на резултатите од гласањето на локалните избори на кои за градоначалник на Кишињев беше избран прозападниот активист во борбата против корупцијата Андреи Настасе.


Демонстрантите кои беа придружувани од Настасе на протестите пред општинската зграда во главниот град извикуваа „Долу за диктатурата“, „Долу за мафијата“ и „Нема да се повлечеме“. Протестите се одржуваат секојдневно откако подолниот суд донесе одлука дека се поништуваат резултатите од изборите поради прекршување на законите за кампања од страна на Настасе и неговиот ривал Јон Цебан.




 

Читайте на сайте