World News in Macedonian

Македонија и Грција ќе договараат поевтин роаминг

Македонскиот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика Никос Папас, како и  телекомуникациски оператори од Македонија и Грција следниот месец ќе одржат средба за конкретни решенија и временска рамка за почеток на процедурата за намалување на цените во роаминг меѓу Грција и Македонија.


На денешната средба на Манчевски и Папас во Софија, македонскиот министер го информирал неговиот грчки колега за меморандумот за соработка и предвидените активности за намалување на цените за роаминг со Бугарија, како принцип којшто може да се примени и со Грција.


 

Читайте на сайте