World News in Macedonian

Белград и Приштина имаат шест месеци да се договорат

Беким Чолаку, советникот на косовскиот претседател Хашим Тачи, тврди дека оптимален рок за постигнување на договорот Белград - Приштина е шест до осум месеци, објави „Коха диторе".


"Сите знаеме дека е временскиот рок или рамката за постигнувањедоговор е поврзан со мандатот на институциите на ЕУ, бидејќи нови избори ќе се одржат следната година. Од практичен аспект, можеме да речеме дека оптималното време на располагање за постигнување на договор е - од шест месеци до осум месеци“, изјавил Чолаку за весникот.

Читайте на сайте