World News in Macedonian

Заев побарал поддршка од премиерите од ЕУ за старт на преговорите

Македонскиот премиер Зоран Заев испратил писма до премиерите на земјите членки на ЕУ со кое ги повикува да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Македонија со ЕУ со временска рамка на процесот, како одлука заснована на заслуги, и како одлука која е одамна заслужена, соопшти владината прес-служба.


Во писмото Заев ги известува неговите колеги од ЕУ и за постигнатиот Договор со Грција.


„Договорот претставува историска можност за надминување на спорот што ги оптоварува односите меѓу двата соседи повеќе од 25 години, и го попречуваше нашиот пат кон евро-евроатланска интеграција“, им напишал Заев на премиерите на земјите-членки на Унијата.

Читайте на сайте