World News in Macedonian

Продолжуваат масовните апсења на ѓуленисти во Турција

Турското обвинителство издаде налози за апсење на 57 офицери од вооружените сили во истрага насочена против организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, која во Турција се смета за терористичка.


Истрагата ја спроведува обвинителството во округот Батмен, но активности се преземени во вкупно 28 окрузи на Турција.


Наредби за апсење се издадени за воен персонал од активниот состав на армијата. Од осомничените, 21 се офицери на жандармеријата, 30 од воздухопловните сили и шест од копнените сили.


Засега не се знае колкумина се притворени .Акцијата за апење продолжува.

Читайте на сайте