World News in Macedonian

На 22 август почнува судењето за настаните од 27 април

Главна расправа по предметот за настаните од 27 април минатата година што се случија во Собранието на Република Македонија ќе се одржи на 22 август, информираат од Кривичниот суд.


" По предметот КОК бр. 40/18 што беше оформен по одобрување на обвинителниот акт КОК ООА 10/18, а поврзан со настаните од 27 април 2017 година што се случија во Собранието на Р. Македонија, првата главна расправа е планирана  за 22.08.2018 год. во 10:00 часот. За следниот период предвидени  се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор, како и покани за останатите странки во предметот" , се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Читайте на сайте