World News in Macedonian

Притвор за три лица од Косово кои подготвувале терористички дејствија

Основниот суд во Приштина по барање на Специјалното обвинителство на Косово, им одреди 30-дневен притвор на трите лица кои беа уапсени денеска во Призрен и во Скендерај (Србица), под обвинение за кривично дело „подготвување на терористички дејствија.“


Косовските медиуми пренесуваат изјава на портпаролката на Судот, Мирлинда Гаши, која информира дека уапсените ќе останат во притвор до 29 јули.


Претходно беше објавено дека рано утрово во акција на косовската полиција, по неколкумесечна истрага водена од косовската Управа за борба против тероризмот, биле уапсени тројцата осомничени Косовци. Во исто време, врз основа на меѓународна потерница издадена од приштинскиот суд, во Германија е уапсено уште едно лице, поврзано со истиот случај.


 

Читайте на сайте