World News in Macedonian

Џафери остава простор Иванов да се предомисли

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери најави дека седницата на која повторно ќе биде ратификацијата на Договорот со Грција ќе биде закажана за 5 или 6 јули. Во интервју за телевизија 21, тој рече дека доколку и вториот пат шефот на државата одбие да го потпише указот, спред зборовите на Џафери, едно од можните решенија е договорот со Грција да биде испратен во „Службен весник“ на објавување без потпис од шефот на државата, заедно со Законот за јазиците, кој исто така не го потпиша.


Џафери сепак „оставил простор“ претседателот Иванов да се предомисли и да го потпише ратификуваниот договор со Грција, како што кажа, во овој „историски момент за државата“.


Иванов на 26 јуни го извести Собранието дека одлучил да не го потпишува указот за прогласување на договорот со Грција, кој парламентот го ратификуваше на 20 јуни со 69 гласа „ЗА“, без присуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ.


 


 

Читайте на сайте