World News in Macedonian

Големи поплави ја зафатија Романијa

Поројните дождови предизвикаа поплави во повеќе реони во североисточниот и централниот дел на Романија, при што едно лице загина. Илјадници домови се поплавени, а стотици луѓе евакуирани. Голем број национални патишта се блокирани поради надојдената вода. Над 100 пожарникари се ангажирани да ја испумпаат водата од поплавените куќи во областа Брашов, каде водената стихија зафатила и една болница. Метеоролозите објавија црвен степен на опасност од поплави во централните реони Брашов и Ковасна, а портокалов аларм е активиран за областите Ботошани, Њамц, Сучава, Јаш и други.

Читайте на сайте