World News in Macedonian

Хан утре во посета на Белград

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во еднодневна посета на Белград, соопшти српската Влада. Тој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ. Медиумите објавуваат дека Хан во Белград ќе потпише договор за финансиска помош во рамки на претпристапните фондови (ИПА) за 2017 година, во износ од 42 милиони евра. Се очекува еврокомесарот на српските власти да им ги повтори препораките на ЕУ дека „Србија има силна и реална ЕУ перпектива“, но и дека „брзината на напредокот на Србија во пристапните преговори зависи од напредокот во областа на владеењето на правото и нормализација на односите со Приштина.

Читайте на сайте