World News in Macedonian

Курц има нов предлог каде мигрантите да бараат азил

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја отфрли можноста мигрантите да поднесуваат барања за азил во планираните прифатни центри кои се предлагаат да се градат надвор од границите на ЕУ, објавија западните новински агенции.


Курц, во интервју за австриското државно радио, рече дека доколку се дозволи таква можност, ќе се создаде ефект голем број мигранти да се насочат кон овие центри.


Според австрискиот канцелар, многу подобра варијанта е на бегалците од кризните жаришта да им се нуди помош во соседните држави, блиску до нивните матични држави, место тие да се поттикнуваат на опасно патување преку Средоземното или Егејското море, со ветување за азил во ЕУ.

Читайте на сайте