World News in Macedonian

Украинскиот претседател Порошенко утре во посета на Србија

Украинскиот претседател Петро Порошенко утре ќе престојува во официјална посета на Србија, информираше Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.


За време на посетата Порошенко ќе се сретне со неговиот српски колега, по што е планиран пленарен состанок на двете делагации и потпишување на повеќе билатерални договори.


Според агендата, предвиден е и бизнис форум со учество на преставници на двете стопански комори и на претседателот Порошенко, информираше Кабинетот на Вучиќ.

Читайте на сайте