World News in Macedonian

Во Албанија запленети 50 тони бразилско пилешко месо со салмонела

Два контејнери со 50 тони пилешко месо заразено со салмонела запленила Албанската национална агенција за храна, објавија албанските медиуми.


Според Агенцијата, примероци од запленетото месо биле дадени на анализа која покажала присуство на високо ниво на салмонела, по што веднаш е почната процедура за враќање на месото.


Во текот на оваа година, блокирани се и вратени пет други контејнери со 130 тони месо увезено од Бразил, објавија локалните медиуми.

 

Читайте на сайте