World News in Macedonian

Нови апсења на ѓуленисти во 11 области во Турција

Полицијата во турскиот округ Битлис денеска уапсила 16 лица кои се осомничени за поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на Фетулах Ѓулен, политикиот противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.


Покрај во Битлис, по налог на Обвинителството, акции за приведување бил спроведени во уште 10 области, а меѓу приведените има и активни и поранешни воени лица,.


Според турските власти, групата ФЕТО на исламскиот проповедник и политички противник на режимот на Ердоган, Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е одговорна за обидот за преврат во Турција во јули 2016 година.

Читайте на сайте